483
За случајот на Бекир Асани ништо не се крие и целата документација е предадена во Јавното обвинителство, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Поднесена е целокупната документација до јавното обвинителство, тоа постапува и сите информации што се однесуваат на случајот ги имате таму. Тие податоци ќе ги добиете од Јавниот обвинител. Значи сите информации, податоци, се што е достапно за МВР е доставено во ЈО и се што ве интересира во поглед на оваа истрага која ја води обвинителството, ќе побарате информација од нив. Значи, се што имавме како материјал и како доказ е доставено до обвинителството и во рамките на истрагата која се води, сите информации можат да се најдат само во обвинителството, изјави Спасовски.