Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата 24 анализа Тв 24 во врска со македонското државјанство на Онишченко истакна дека добивањето на државјанство е по членот 11 од законот за државјанство, кој е за национален, економски, спортски интерес и во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи владата по претходно собрани документи и мислења.
– Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, иако праксата е да се добијат позитивна улога. Кај овој случај имаме 4 позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност.
Тоа се четирите позитивни мислења што беа доставени. Анализаите треба да се прават низ институциите. – вели Спасовски.