Спасовски: За неколку дена ќе го имаме лицето кое го вееше знамето на голема Албанија во Тетово

by Fokus
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека лицето што го вееше знамето на голема Албанија во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Албин Курти, ќе биде идентификувано во следните денови.

„Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Таргетирани се неколку лица. Се прават детаљни испитувања. Мислам дека за неколку дена ќе го имаме лицето“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање

на прашањето дали е од Косово или од Македонија, Спасовски рече дека кога ќе дојде моментот јавноста ќе ги добијат сите информации.

Министерството за внатрешни работи пред две недели објави фотографија од лицето што го вееше знамето со т.н. голема Албанија на градскиот плоштад во Тетово на 11 август по кое сѐ уште трага.

Тоа предизвика реакции во јавноста, а градоначалник и лидер на Беса, Билал Касами, кој беше организатор на настанот на социјалните мрежи сподели видео од настанот.

 

 

Поврзани новости