Спасовски за можноста за построги мерки на цела територија: Не само што е можно, туку сигурно ќе носиме мерки за заштита на граѓаните

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на прашањето дали е можно да се воведат построги мерки за заштита од корона вирусот, како оние во Дебар, одговори дека не само што е можно, туку сигурно ќе се воведуваат мерки кои значат заштита на граѓаните и намалување на ризикот.

-Јас не гледам дека интересот на една политичка партија, една структура, може да биде поважен од животот и здравјето на граѓаните.
Сите аспекти се анализираат, и на основа на тие анализи ќе се носат одлуките. Во секој момент можеме да се собереме и да носиме важни одлуки. Вчера разговараме исклучиво за мерките на Владата.
Ние преземавме навремени мерки и од превентивна смисла. Ние сме една од првите држави во регионот која воведе мерки за границите. Не само што е можно, туку сигурно ќе носиме мерки за заштита на граѓаните. Се она што ќе биде дадено како прадлог за намалување на ризикот, ќе биде спроведено, рече Спасовски.

Поврзани новости