448
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашнотосто гостување на телевизија Сител за случаите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и за внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети рече дека МВР постапува по секоја наредба што ќе ја добие од Јавното обвинителство и дека нема селекција дали станува збор за актуелен, за поранешен функционер или за обичен граѓанин.
– Така што, и во оваа ситуација ние дадовме информации дека сме постапувале по предмети. И секогаш кога ќе биде побарано од МВР за било кого да се постапува да се собираат докази да се предадат на ЈО, тоа ќе го направиме, рече Спасовски.