Спасовски за Максим Димитриевски: Во политиката нема точка, туку само запирка

by fokus

Во политиката никогаш не постои точка, туку единствено запирка и дека не ја исклучува можноста за соработка со сите оние кои ги споделуваат истите вредности како и СДСМ, вклучително и неговиот поранешен сопартиец и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Јас поддржувам секогаш и сум отворен за соработка за сите кои ги споделуваат истите вредности како што ги споделува и СДСМ, така што апсолутно, знаете, во политиката никогаш нема точка, секогаш има запирка и секогаш заради доброто и интересот на идејата може да се разговара со секого ако се најде заеднички јазик, кажа Спасовски во интервју за 360 степени.

Прашан за тоа дали чувствува одредена одговорност поради инсистирањето на претходните локални избори Димитриевски да не биде кандидат на СДСМ што се испостави како погрешна проценка бидејќи тој го победи кандидатот на СДСМ, Спасовски одговори дека тој инсистирал Максим Димитриевски да не биде кандидат во 2017 година, а не во 2021 година, кога одлуката да не го поддржат ја донеле партиските органи, а не лично тој.

Фото: Архива

Поврзани новости