Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за командир на граничниот премин Ќафасан поставил лице со отслужена затворска казна за криумчарење, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.
– Пред само три месеци, на граничниот премин Ќафасан за Командир на граничен премин е поставено лицето Б.А. Ова лице веќе било на истата работна позиција пред десетина години во ек на големата полициска акција за криумчарење на добиток од Македонија во Албанија.
Се работи за аферата “Милка” во која беа опфатени 31 лице, кои биле дел од организиран синџир за криумчарење на добиток. За оваа афера своевремено пишуваа и медиумите. Во рамки на осудените имало и полициски службеници, кои примале поткуп за да ја договорат патеката за криумчарење и кои за тоа наплатувале по 3 и пол евра од килограм добиток.
Лицето Б.А. отслужило казна затвор од 3 ипол години, како дел од синџирот за криумчарење на добиток.
Лицето Б.А. сега повторно е командир на граничен премин било дел од криумчарењето како овластено лице. Истото го извршило тоа кривично дело заради позицијата која ја имало во МВР.
Истото ова лице сега повторно се наоѓа на позицијата Командир на граничен премии, изјави Коцевски.
Тој го повика Спасовски да каже како е можно ова лице кое е правосилно осудено, со отслужена казна затвор за криумчарење да се постави за Командир на граничен премин и дали на злосторникот му се дава можност повторно да го изврши кривичното дело.