Во партиското работење секогаш може повеќе. И сега сметам дека СДСМ може многу повеќе да работи, дека многу повеќе треба да се комуницира со јавноста, со членството, вели во интервју за неделникот „Фокус“, министерот за внатрешни работи и член на ЦО на СДСМ, Оливер Спасовски.
ФОКУС: Како според вас сега функционира СДСМ, дали може да се направи споредба како функционираше во време на Заев, а како сега на чело со Ковачевски?
СПАСОВСКИ: Јас сега сум член на Централниот одбор, не сум член на раководството, бев претходно и генерален секретар, бев и потпретседател… Знаете во партиското работење секогаш може повеќе. И сега сметам во овој момент дека може многу повеќе да се работи, дека многу повеќе треба да се комуницира со јавноста, со членството, да се артикулираат политиките што ги имаме, што ги спроведуваме и на сето тоа гледам како една можност на подобрување на позициите на СДСМ.
ФОКУС: Дали ги кажувате овие ваши ставови во партијата и каква е вашата соработка со Ковачевски?
СПАСОВСКИ: Сите мои ставови и сите мои размислувања, сето она што сметам дека треба да биде искажано, го искажувам во рамките на органите на партијата, така било секогаш и така ќе остане и понатаму. Имам одлична соработка со претседателот и со него разговараме на сите овие теми и сметам дека низ тој дијалог доаѓаме до заеднички решенија што треба да бидат преземени за да се подобрат состојбите. Нема никогаш штета од реален и објективен разговор за состојбите. Ако објективно погледнете на работите, вие може да сметате дека ќе имате сериозен успех.
Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.