Спасовски за Димитриевски: Интересот на политичкото семејство е пред се

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 беше воздржан на прашањето дали опозицијата ќе добие предност во Куманово поради тоа што актуелниот градоначалник Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура.

-Неколку кандидати не се објавени, бидејќи се завршуваат анализите внатре во партијата. Кога ќе завршиме, ќе ги објавиме кандидатите. Таков предизвик имало во Куманово и во минатото. Секој сам одлучува како ќе постапи. Јас мислам дека семејството, во овој случај. политичкото семејство е пред се. Интересот на градот, на државата треба да биде ѕвезда водилка и со таков интерес ќе настапиме и во Куманово, вели Спасовски.

Поврзани новости