505
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на 1ТВ запрашан за тоа дали има амбиции да се кандидира за претседател на државата рече дека сега не е момент за размислување во таа насока, но кога ќе дојде време ќе размисли.
-Во овој период со љубов ја работам мојата работа. Сега не е момент за да размислувам во тој правец. Но, можеби кога ќе дојде време, ќе размислувам за тоа, рече Спасовски.
Тој зборуваше и за бегството на експремиерот Никола Груевски и рече дека тоа не е вина на МВР, туку се работи за пропусти во системот и тоа отвора дополнителни прашања.