Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека денеска, неколку часа по прогласување на вонредната состојба, ништо не е сменето од вчера, туку сите зедно сме уште повеќе сплотени.
-Ние како Влада ги превземаме сите мерки за превенција и заштита на граѓаните, а со прогласувањето на вонредната состојба, ваквите вонредни политики ќе можат полесно да се носат. Ве уверувам дека вонредната состојба ќе ја совладаме на најдобар можен начин. Треба да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме препораките, рече премиерот Спасовски.
Тој побара од сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.
-Ќе покажеме дека дисциплинирано дека секој од нас сме посветени на своите обврски за општо добро и за доброто на нашите деца. Вонредната состојба ќе трае 30 дена, а доколку е потребно и повеќе. Ова не значи дека ќе замре животот. Се продолжува да функционира како и вчера. Нема нови одлуки за ограничено движење на граѓаните, освен оние кои важат за граѓаните на Дебар и центар Жупа, рече Спасовски.
Тој потсети дека и понатаму остануваат мерките за збрана за јавни собири.
-Сакам да испратам и порака до највозрасната популација, останете дома. Доколку имате некаква потреба побарајте помош од волонтерите во општините или во Црвениот Крст. Желби за поскоро закрепнување на заболените од корона вирусот, а граѓаните ќе бидат навремено информирани, на дневна основа, за сите мерки кои ќе бидат превземени, рече Спасовски, кој додаде дека со вонредната состојба Владата доби повеќе можности за справување со оваа криза.