403
Во најголем дел од агенциите за обезбедување има неправилности во работењето – изјави министерот Оливер Спасовски за Телевизија 24 по потпишувањето на меморандумот за соработка со комората на приватно обезбедување. Ова го покажала истрагата на МВР што беше најавена откако јавноста дозна дека агенцијата „Омерта“ работи без дозвола.
Дополнително, две агенции веќе се впишани во централен регистар без да добијат дозвола за работа од МВР. Спасовски вели дека не го интересира, чии се агенциите за обезбедување, ако ги исполнуваат условите за работа. Во моментов постои постапка за издавање дозвола за работа за „Лупус тим“ и „Сектор секјурити“.