629
Оваа Влада навистина има капацитет и политичка волја да се справува со корупцијата и криминалот, независно дали е тоа во високите ешалони или се работи генерално за сузбивањето на криминалитетот, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакнувајќи дека оваа борба е неселективна.
-Ако имаме повеќе луѓе кои учествувале во криминални активности во тие 11 години, во времето на режимот, тогаш и многу повеќе луѓе ќе носат одговорност. Тоа не значи дека кој било носител на функција и од актуелната власт доколку се огреши пред Законот, доколку не постапува врз основа на законските одредби, нема да биде земен на одговорност – рече Спасовски.