Спасовски вели дека успешно ги реформирал безбедносните служби по незаконското прислушување

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, присуствуваше на годишната Конференција за преглед на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), при што учествуваше на панел-дискусијата „Реформите во разузнавачкиот сектор во Македонија – тековни постигнувања, останати предизвици и идни приоритети”.

Тој во текот на дискусијата, меѓу другото, беше запрашан за оценка на сегашната состојба на спроведените реформи, при што рече дека се направени „успешни реформи на безбедносните служби“ коишто, како што рече, започнаа по т.н. скандал со незаконското следење на комуникациите и последователните препораки дадени од страна на Европската комисија (ЕК) преку овластената група на независни и виши експерти за владеење на правото, предводени од Прибе.

Следењето на комуникациите, правосудните и обвинителските органи и надворешните надзорни тела тогаш беа дефинирани како трите главни подрачја во кои се најмногу потребни итни интервенции.

 

Поврзани новости