Спасовски: Тоа што некои истраги траат подолго време, не значи дека не водиме грижа

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес конференција најостро ги демантираше сите шпекулации за наводните киднапирања на луѓе во државава.

„Најостро ги демантирам шпекулациите за исчезнати лица. Ги отфрлам шпекулациите за киднапери и препродажба на човечки органи. Со тоа се наштетува на општеството и граѓаните. Во македонија нема ниту еден случај на убавиство поради вадење на органи. Апелирам до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги и наводите дека расте бројот на исчезнати лица. Во 2018 имало 370 пријави за исчезнати, а во 2014 година, 574 исчезнати. Денеска МВР е транспарентна иснитуција. Ние редовно објавуваме се што се случува и тоа го има нашата веб страна. Секој граѓанин може секогаш да ја провери информацијата. Да ги проверуваат информациите и да не придонесуваат во ширењето паника и вознемиреност. Во континуитет пронаоѓањето на исчезнати лица е 94 отсто. Како родител, сочувствувам со секој родител чие дете исчезнало. Сакам да кажам дека овие истраги се третираат со целосна сериозност и посветеност и потребно е повеќе време за резултати. Тоа не значи дека не водиме грижа. Не помагате со ширење лаги на блиските чии исчезнале. За жал некои завршуваат со самоубиства. Кога имаме случај на исчезнато лице, важно е полицијата да добие повеќе информации за пократко време. Споделете ги карактеристичните планови на исчезнатото лице. Обезбедете фотографија на исчезнатото лице. Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми. Не ги оставајте без придружба и надзор. Дозволете без шпекулации да ја работиме нашата работа“, истакна Спасовски.

Поврзани новости