Луѓето се невработени, младите заминуваат во странство, над 5 милјарди евра се изнесени од државата во последните 10 години, истакна генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски при посетата на демирхисарскиот крај.
– Луѓето од демирхисарскиот крај ги имаат истите проблеми како и граѓаните во најголемиот дел од Македонија. Низ демирхисарско се оди по лоши патишта, што им задаваат секојдневни тешкотии на жителите. Жителите овде се жалат дека тешко доаѓаат до здравствени услуги. Сиромашни се да се лекуваат по приватни болници. Бидејки живеат главно од земјоделство, од помош би биле редовни субвенции, но и тие се исплаќаат селективно, според блискоста до власта – тврди Спасовски.
– Наместо да се грижат за граѓаните, тие се грижат за своите интереси. Над 5 милијарди евра се изнесени од Македонија во последните 10 години. Со овие пари може да се подобри општественото живеење. Ова држава не е во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа парите ќе ги вратат. Иселувањето на младите излезе “најуспешна “ реформа на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе си ги вратиме луѓето во државата. Ставаме крај на расипничката власт – рече Спасовски.