472
Денеска во министерството за внатрешни работи ќе се одржи свеченост по повод 7 мај, Денот на Македонската полиција.
Министерот Спасовски во видео порака се обрати до сите припадници на МВР.
-Пред две години мојата цел како министер беше да го вратам угледот на министерството и да им овозможам на вработените чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи, вели Спасовски.