Спасовски со важна порака до демонстрантите

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека мирниот протест е демокртаско право, а највисока демокртаска оценка може да добие една држава, која го почитува ова право.

-Јас апелирам до сите граѓани, кои протестираат, да протестираат мирно и достоинствено. До политичките субјекти да направат се, бидејќи тие се коишто креираат состојби, мислења и да повикуваат на смиреност наспроти радикализација. Преку мирни протести може да се изрази својот став, додека преку вандализам, радикализам и преку насилство не може да се постигне ништо рече, Спасовски.

Побара од страна на демонстрантите да ги почитуваат полициските службеници, бидејќи, какошто вели Спасовски тие се кои ни ја чуваат стабилноста на државата

Поврзани новости