Министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски за време на вчерашната посета на Кичево, се сретна со граѓаните и учествуваше на отворена граѓанска трибина.
Пред присутните граѓани министерот Спасовски говореше за придобивките за Македонија со влезот во Европската унија и НАТО сојузот.
– Со членството во НАТО се гарантираат границите на Република Македонија, територијалниот интегритет, обезбедуваме мирен сон, на нашите семејства на нашите деца и преку таквата стабилност ги затвораме сите отворени прашања кои што 28 години демнеа над Република Македонија, рече Спасовски.
ЕУ, потенцира, значи отворање на Македонија кон светот и најважно прифаќање на европските вредности во нашата држава.
– Нема поголемо признание од тоа македонскиот јазик да биде официјален јазик и нашето кирилско писмо кај петстотини милиони граѓани, нема поголемо признание, нашиот идентитет кој е загарантиран да биде рамноправен со сите членки на европското семејство, додаде тој.