Спасовски со апел до работниците: Не потпишувајте спогодби за отказ

by fokus

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски испрати апел до работниците да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа, а на работодавачите им порача да бидат солидарни и да понесат дел од товарот.

-Во оваа ситуација државата многу им помага на работниците, прави сè што е можно да ги задржат работните места, ама мора и работниците сами на себе да си помогнат. Најмалку што можат да направат е да не потпишуваат спогодбени откази. Има Закон за работни односи кој ги штити и постојат две опции врз основа на кои тие можат да бидат надвор од работните места, да не одат на работа, а да користат придобивки од Законот. Дали е тоа 70 или 50 проценти од платата зависи од критериумот што ќе се земе предвид. Ако е за економска неактивност, се исплаќа 70 проценти, ако е за виша сила се исплаќа 50 проценти од платата, рече Спасовски.

Тој не кажа колку точно работнции се отпуштени од почетокот на кризата, но вели дека газдите во оваа криза треба да бидат свесни дека секој треба да изгуби нешто од оваа криза, а не да размислуваат да добијат од неа.

Поврзани новости