Спасовски: Сите треба да издржиме, дополнително ќе одлучуваме за Божик и Водици

by Fokus

Периодов треба да го издржиме сите, за наше добро, за да се вратиме во една нормална состојба, истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување во Студио 10 на ТВ 24.

Тој говореше и за претстојните празници, но и работата на полицијата во следните денови, упатувајќи апел до граѓаните да не се собираат, со цел да се заштитат од корона вирусот.

„Сите сега треба да издржиме. Знаеме дека доаѓаат убави празници, но луѓето мора да ги почитуваат мерките и да не се собираат. Моментот е да празнуваме дома и да се заштитиме. Што се однесува до присуството на полицијата за празниците, тоа ќе го има, но драго ми е што во последните години се помалку се нарушува редот и мирот во државава. Доаѓаат Божик и Водици, тогаш се собираат многу луѓе, а ќе имаме дополнителни состаноци за тие празници“, истакна Спасовски.

 

Поврзани новости