639
Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок за прекин на работен однос во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос, порача на Фејсбук техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци пред престанокот на работниот однос“, појасни Спасовски.