439
Сите податоци што ги бара СЈО може да бидат извлечени онлајн, а ПИ-мерките кои се во тек да продолжат да функционираат, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција.
-По првиот неуспешен обид тимот на СЈО да се сретне со директорот на УБК, се обидов јас да му пренесам да ги прими, но тоа не се случи. Тие имаат судски налози и бараат само тоа што им одобрил судот. Не е вистина дека со тоа ќе се наруши безбедноста на државата, изјави Спасовски.
За двајцата техничари од УБК кои, официјално, се надвор од земјава поради што СЈО нема пристап до опремата, Спасовски оцени дека само директорот на УБК знаел каде се тие и тој требало да објасни.