Спасовски: Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски

by Fokus

Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец, токму на денешен ден кога граѓаните верници го слават овој голем светец“, пренесе на својот Фејсбук профил техничкиот-премиер на РСМ, Оливер Спасовски.

„Манастирот денеска ширум ги отвори вратите за верниците кои дојдоа да го чествуваат празникот и да учествуваат на литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

Во пресрет на големиот празник Божик, денот на Христовото раѓање, ова е убав ден и повод да се посветиме на солидарноста инспирирани од големото дело на Св. Наум Охридски Чудотворец кој целиот свој живот го посветил на помагањето на болните, на сиромашните и на изнемоштените“, вели Спасовски.

Поврзани новости