Одредена конфузија настана поради тоа што првично се констатира во Клиничкиот центар дека нема видливи траги на насилство и тоа е првата оценка на лекарите кои што го прегледале пациентот кога бил донесен на КАРИЛ. МВР добива информација кога пациентот лежи во болницата. Претходно нема пријава за нарушен ред и мир во ноќниот клуб, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски околу убиството на ракометарот Денис Тот.
Според Спасовски, во 3 часот и 39 минути, пристигнaла Брзата помош пред ноќниот клуб .
-Кај нас пријавата во МНР е во 4 часот и 11 минути, тогаш се јавуваат од Клиничкиот центар дека е донесен пациент во бесознание, без срцева акција и без видливи траги на насилство. Од тој момент се вклучуваат колегите од полицијата и започнуваат нашите дејствија. Друга екипа оди кај дискотеката, меѓутоа тогаш таа не работи и нема видливи траги за трагедијата. Информациите дека телото било на тревник и дека биле избришани снимките се шпекулации и невистини. Ниту еден момент не е застанато со истрагата, информира Спасовски во емисијата „Топ тема“.
Спасовски додаде дека се бараат одговори и од Клиничкиот центар и од Брзата помош.