Во 16.30 часот во Собранието почна седницата за избор на Влада. Прв збор имаше мандатарот Оливар Спасовски.
-Ова е време кога треба да се организираат фер и демократски избори, но и да се продложат евроатлантските преговори. Чест е, но и одговорност да се предводи власта, рече Спасовски.
Тој ги наброја реформите во безбедносниот систем.
-Имаме јавност која во изминатите три години не се плаши да го крене својот глас. Имаме држава која за неколку месеци ќе застане рамо до рамо до останатите членки во НАТО, а чекор сме и до добивање на датум за преговори во ЕУ, рече Спасовски.
Тој ги претстави членовите во новата влада. Наќе Чулев и Рахела Мизрахи, се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри за внатрешни работи, односно труд и социјална политика.
-Граѓаните ги носат одлуките и никој друг. СДСМ покажа како се одржуваат избори, сега е време и ВМРО-ДПМНЕ да ги примени овие демократски вредности. Одиме на избори кои ќе го одредат понатамошниот пат на државата, рече Спасовски.
Меѓу приоритетите на Владата ги наброја чистата животна средина и здравјето на граѓаните, но и реформите во правосудството. Како најважна реализирана реформа, Спасовски рече дека е направена реформата на умот.
-Сите имаме обврска да дадеме максимум за остварување на овие цели. Граѓаните мора да добијат одговорна преодна влада. Благодарност до досегашниот претседател на Владата, Зоран Заев, но и за останатите членови на владата. Државата е на вистинскиот пат, рече Спасовски, а неговиот говор беше проследен со аплауз.