Спасовски: Прво Совет за безбедност, па зависно од состојбата и средба на партиските лидери за изборите

by Fokus

Секако дека лидерите на политичките партии ќе се соберат за да можат  заедно да ја донесат одлуката за одложување на изборите, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, но не прецизира дали тоа ќе се случи денеска или утре.

-Сигурно ќе се случи на време за да се донесе таа одлука. Денеска прво ќе завршиме со Советот за безбедност. И на лидерската средба минатиот пат се договоривме дека се што ќе произлезе од развојот на ситуацијата, ќе носиме повторно одлуки, истакна Спасовски во изјава за Телевизија 24.

- Advertisements -

Во врска со актуелната состојба со коронавирусот, премиерот повторно апелира граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките за заштита и да останат дома.

-Апелирам да се почитуваат препораките на Владата, да не се патува, секој да придоенсе за подобрување на состојбата. Да не се групираме, младите да не бараат алтернативни места за собирање, сите да помогнеме, прво на себе, а потоа и на семејствата и на државата, потенцира Спасовски.

Поврзани новости