Спасовски: Протестот е неприкосновено право на граѓаните, наше е да гарантираме постапката да заврши до крај

by Fokus

Граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија.

-Граѓанскиот протест е најголемо демократско и неприкосновено право кое го имаат граѓаните. Прво, сакам да изразам убеденост во грижата на граѓаните, заради тоа што сите ние сме прво граѓани, па се друго и сме сериозно загрижени, посебно за случувања кои имаат директно влијание врз човечките животи. Од тој аспект сметам дека сосема оправдана е грижата на секој еден граѓанин на државата, наше е да обезбедиме и да гарантираме дека постапката  ќе заврши до крај, било кој се огрешил да мора да носи одговорност, таа да биде брза и ефикасна и на тој начин да помогне вакви случувања да немаме во иднина, изјави Спасовски.

Поврзани новости