Спасовски: Пријавете доколку некој ве снима

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, им порача на граѓаните да пријават на бројот 192 доколку гласаат на референдумот и забележат дека се неовластено снимани.

„Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да гласате, веднаш пријавате на 192 или на полицискиот службеник во близина на вашето гласачко место“, напиша тој на твитер.

Спасовски порачува дека доколку граѓаните забележат дека фотографија од нив се појави на социјалните мрежи да го пријават тоа на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

 

Поврзани новости