Полицијата поднесе прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир против осум лица кои учествуваа во тепачката на 2-ри овој месец во населбата Шуто Оризари, при што беше повреден актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат, Елвис Бајрам соопшти денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Против Ш.Д., Ф.Ф., Ј.С., Х.А., Х.М., Х.И., Е.Б. и А.М., СВР Скопје изготви записници за констатиран прекршок против јавниот ред и мир, а целокупниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство – Скопје.
– МВР е одлучно во намерата, а за тоа имаме достатичен капацитет да ги открие и согласно законите да ги процесуира сите вакви настани кои се закануваат да фрлат дамка врз претстојниот изборен процес, истакна Спасовски.
Тој, исто така, тврди дека дека според првичните информации со кои располагаат, пожарот кој вчера избувна во куќата на кандидатот за гадоначалник на Ѓорче Петров ов ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски, избувнал поради неправилно изѕидан оџак.