Спасовски повторно бил тестиран за корона вирусот

by fokus

На денешната прес конференција, претседателот на СДСМ Зоран Заев потврди дека Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се позитивни на корона вирусот.

Тој рече дека во самоизолација се и Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Маријан Забрчанац и Славјанка Петровска кои имале контакти со заболените.

-Утринава беше тестиран и премиерот Оливер Спасовски и се чекаат резултати кои јавно ќе бидат објавени штом бидат готови, а какви и да бидат одлуките и препораките на експертите тие ќе бидат почитувани- рече Заев.

Заев потенцираше дека во СДСМ се почитуваат сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Поврзани новости