436
За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На ГП „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција.
Поради одвивањето на акцијата на граничниот премин имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.