Спасовски: Посветени сме на брзо разрешување на ситуацијата во Тетово

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Тетово, кој ја зафати модуларната болница. Тој најави брзо разрешување на случајот.

-Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите во пожарот во тетовскиот Ковид Центар и посакувам брзо закрепнување на повредените. Посветени сме на брзо разрешување на оваа ситуација, напиша Спасовски на фејсбук.

Поврзани новости