Спасовски: Полициски час од 21 до 06 часот наутро

by Fokus

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од корона вирусот, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата – напиша Спасовски.

Поврзани новости