1.1K
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција упати порака до издавачите на викенд куќи – да не ги издаваат своите објекти за новогодишната ноќ, затоа што ќе следат санкции.
„Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Треба самите да си помогнеме. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства. Но кривично дело е издавање викендици на групи на луѓе. Превентивно реагираме на издавачите на викенд куќите. Ќе има засилени контроли. За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет и ќе се прави увид и во викендиците и ќе следуваат казни. Сериозна одговорност е издавањето на вилите“, истакна Спасовски.