Спасовски: Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако сме во ЕУ

by fokus

Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ и нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни, вели министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за словенечкиот весник „Дело“.

– Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ, наведува Спаовски.

Тој посочува дека криминал и корупција нема само на Балканот и дека тоа не е нешто што е непознато и во западните држави.

-Се создаде перцепција дека кај нас има многу повеќе криминал и корупција отколку на друго место, а нашата задача е да го промениме тој впечаток. Во голема мера сме им посветени на реформите на законодавството, што е добро. Но, главното прашање е како да се реформираат умот и вредностите, за да престанеме да бараме дупки во законите. Ако успееме во тоа, сето останато ќе биде полесно, потенцира Спасовски.

Тој натаму нагласува дека е точен впечатокот оти балканската мигрантска рута годинава е порастоварена, додацвајќи дека во првите четири месеци годинава имаше за 17,2 проценти помалку обиди за незаконито влегување во Северна Македонија отколку во истиот период минатата година.

На констатацијата дека криминалците од различни држави многу полесно се разбираат отколку политичарите, Спасовски одговара дека криминалните структури се секогаш чекор пред државата, бидејќи ги спојува интересот.

Поврзани новости