Спасовски: Поддржувам да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите

by Fokus

„Во врска со патните исправи, не може да се закаже одеднаш фотографирање за неколку документи, затоа што софтверот е таков. Опозицијата тогаш критикуваше и ветуваше дека тоа било лесно решлив проблем и дека ќе било се решено, па ете после неколку месеци гледаме дека не е така“, изјави Оливер Спасовски во гостување на тв21.

Екс министерот за внатрешни работи на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите со новото уставно име на земјата одговори дека би поддржал таква одлука, ако се донесе во новата влада.

„Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам“ – кажа Спасовски.

 

Поврзани новости