Спасовски: По првомајските празници животот постепено ќе се враќа во нормала

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски најави дека по првомајските празници ќе почне да се враќа нормалниот тек на животот.

– Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.

Поврзани новости