„Мирот, стабилноста, сигурноста не може никој да ги загрозува. Вакво криминално гнездо како што е направено мора да се разбие до крај. Такви политички партии, кои со не знам какви провиненции ги правеа, како што е оваа мора да е дерегистрирана“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доцна синоќа на прес-конференција на која соопшти за апсењето на осомничениот за организирање и убивање на грабнувањата на Вања и Панче.
Министерот додаде дека се истражуваат сите детали и дека во ниту еден момент нема да се остави некоја индиција да не биде истражена.
„Преку правење на политики, политиканство, коалиции, договори и влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација“ рече Спасовски.
Тој додаде дека сите знаат какви ставови застапувале осомничените и нивната партија, што правеле и што зборувале во нивните емисии и како директно се спротивставувале на напредокот на државата, на НАТО и на европскиот пат.