Спасовски – Палмер: Потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски за време на дводневниот престој во Брисел, оствари средба и со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Палмер за време на разговорот изразил честитки за донесувањето на Законот за јавно обвинителство, за Законот за одбрана, како и за другите реформски закони кои ја приближуваат Северна Македонија поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е поздравена определбата на Владата да го почитува и спроведува Договорот од Преспа и придобивките од него кои од Северна Македонија направија значаен фактор на стабилност во регионот и лидер во регионална соработка.
Во разговорот со Метју Палмер, е потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.
Спасовски на средбата ги повтори заложбите на нашата земја да гради силен капацитет на институциите за да се заокружат демократските реформи дома, како и да се интензивираат проектите за зајакнување на добрососедските односи во регионот.
Спасовски потенцираше дека Владата во претстојниот период е фокусирана на организирање фер и демократски избори, како и на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.
Во разговорот меѓу Спасовски и специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Палмер, беше потенцирано дека Северна Македонија очекува од ЕУ да ја исправи грешката од октомври минатата година и да донесе заслужена одлука за старт на преговорите во март, и дека тоа го очекуваат сите граѓани зашто земјата испорача и дека сега е време ЕУ да испорача резултати и да донесе правилна одлука.

Поврзани новости