Спасовски: Овде во Арачиново покажавме дека е можен и соживот и грижа за сите

by fokus

Овде во Арачиново, покажавме дека е можен и соживот и грижа за сите и денеска најавувам уште повеќе инвестиции за рамномерен регионален развој и со тоа и нови работни места и повисоки плати и пензии за сите, во брзата трансформација на економијата што следува, порача денеска во Арачиново носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека една општина голема како Арачиново години и децении била оставена без детска градинка, а сега првпат ќе добие градинка, за којашто заокружувањето на проектната документација е во завршна фаза.

– Ние, во државава за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 градинки и определни се нови 15 милиони евра за заокружување на 70 новоизградени објекти за градинки, порача Спасовски.

Тој нагласи дека во Арачиново во изградба е канализационен систем долг 10,1 километри и инвестираме 106 милиони денари, а додека во сите останати општини во ИЕ 2 се вложени 814 милиони 441 илјада 489  денари за изградба и реконструкција на водоводна и канализациска мрежа.

– Интензивно работиме на локалната инфраструктура во целата држава и сме во фаза на отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Ниту еден капитален проект не дозволивме да запре за време на здравстено-економската криза и продолжуваме и уште повеќе и уште подобро, со цел 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, повисоки пензии и нови работни места. Ние ги насочуваме пари кон граѓаните и се грижиме за сите на дело, додаде Спасовски.

Поврзани новости