Тоа што се случува денес е идентично како 27 април, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Политичките лидери и политичките субјекти мора да бидат на висина на својата задача, да ја знаат сопствената одговорност. Потпалувањето на состојбите во државата не носат на добро, вие се сеќавате 2017 година, неколку денови за ред, месец дена можеби, имавме јавно собири, повикување пред Собранието, инструирање на луѓето, говор на омраза и на крајот ни се случи 27 април – упад во Собрание, рече Спасовски во летното издание на „Click21“ на ТВ21 порача дека
Тој порача дека секој кој ќе стори кривично дело ќе одговара, без разлика од која партија е.
-Што е важно чиј активист е било кој што ќе направи кривично дело? Зарем за таква правда сакате да се бориме и зарем тој ако е поблизок до една или друга политичка партија, ќе треба да има привилегии затоа што направил кривично дело? Не, апсолутно. За мене и за МВР воопшто не е важно на која партија припаѓа. За мене е важно, тој кој удри врз полициски службеници, тој којшто го ремети јавниот ред и мир, тој којшто предизвикува кривични дела, мора да биде изведен пред лицето на правдата, изјави Спасовски.