455
Техничкиот-премиер Оливер Спасовски на вчерашното гостување на „Топ тема“ на Телма порача дека се надева на секој пратеник во Собранието во однос на носењето на законот за Јавно обвинителство.
„Одговорноста за иднината на државата лежи подеднакво кон сите. Нема значење тука дали некој е пратеник на парламентарното мнозинство или парламентарната опозиција. Јас имам поголем скептицизам кон ВМРО-ДПМНЕ, од аспект на тоа дека партискиот, личниот, криминалниот интерес, се пред државните интереси“, истакна Спасовски.