Спасовски: Од МВР случајот со тепачката во Струга е расчистен

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прогласи за расчистен инцидентот кој вчера се случи во Струга, каде едно лице го тепало претседателот на бугарското здружение „Шемето“, Бекир Кадриески.

„Во однос на овој настан, важно е тоа што брзо и ефикасно се делуваше. Приведен е напаѓачот на лицето.Земени се изјави од страна на очевидците. Пријавата и изјавата од оштетениот се одвиваше во медицинскиот центар. известен е Јавниот обвинител и по прибирањето на сите докази, ќе бидат поднесени пријавите. Од МВР овој случај е расчистен“, објави денес Спасовски.

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера објави дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел „да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза“.

Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека го нападнало непознато лице во градот Струга. Тој тврдеше дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“.

Македонското министерствот за надворешни работи денес ја повика јавноста и политичките субјекти во Бугарија да овозможат македнските државни институции да го расчистат случајот и апелираше да не се даваат квалификации додека не се утврди зошто настанала тепачката.

На почетокот на годинава во Охрид, три лица го нападнаа Христијан Пендиков, по што односите меѓу двете држави малку се заострија. Бугарија со владин авион го однесе Пендиков на лекување во бугарскиот главен град Софија. Тој ќе остане таму, а како што најави ќе студира.

Поврзани новости