Спасовски од Мостар: Трајковски останува симол на вистинско лидерство

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во име на Владата денеска во Мостар положи цвеќе на спомен обележјето кај Ротимље, по повод 19 години од смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски.

Во име на Босна и Херцеговина, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пред спомен обележјето почит оддадоа и министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, како и високи претставници на претседателството на Босна и Херцеговина, претставници на Кабинетите на претседавачот на Цвијановиќ и  Комшиќ и Беќировиќ.

-Потсетувајќи се на вредностите кои тој ги негуваше и ширеше, секогаш промовирајќи соработка и помирување, Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство во еден исклучително тежок период, но и при сите средби со народот, дипломатите, домашните и светските политичари – рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Toј додаде дека и по 19 години, македонскиот претседател останува да се памети како доблесен и мудар државник, кој во еден важен транзициски период, кога државата се соочи со тешки одлуки, успеа да го зачува мирот во земјата и во регионот, да ги зацврсти меѓуетничките односи и да биде посветен на демократските идеали и на евроатланската ориентација.

Поврзани новости