Спасовски: Од Авганистан не доаѓаат милитанти

by fokus

Владата презема обврска да сместиме околу 450 лица од Авганистан, кои ние нема да бидат сместувани во никакви кампови, во никакви прифатни центри, ниту во центар за странци, едноставно тие ќе бидат сместени во хотели и во мотели, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Владата ги задолжи МВР и Агенцијата за национална безбедност да ги спроведеме постапките што ќе значат добивање на виза за да можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија овие лица. Ние ги очекуваме податоците, списоците за лицата кои ќе пристигнат, имаме за шест лица потврда, имаме за 180 лица кои се подготвуваат за кои се уште немаме точен датум или временски период во кој ќе пристигнат да ги провериме соодветно – рече Спасовски на ТВ 21.

Со оглед на тоа дека овие лица работеле за САД, како и за меѓународни организации, додава Спасовски,  тоа се лица кои биле проверувани од безбедносен апсект.

-Тука не станува збор за никакви милитанти, екстремисти кои доаѓаат, туку граѓани, цивили, високообразовани, луѓе кои се залагале за човекови права. Ќе бидат тука одреден временски период и после тоа заминуваат или во САД или во некоја друга држава каде што им се обезбедува можност за престој – наведе Спасовски.

Поврзани новости