417
СДСМ очекува наскоро да ги добие потписите од албанските партии за добивање мандат за состав на нова влада. Ова го изјави генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, по средбата со претставниците на Алијансата за Албанците.
На неа, се разговарало за предлог-законот за албанскиот јазик, што го доставија од албанската партија. Спасовски не кажа што содржи нацрт-законот, само рече дека за тоа сè уште се разговара. Тој само изјави дека наскоро очекуваат да ги добијат потписите од партнерите за состав на нова влада.
Во меѓувреме, лидерот на СДСМ, Зоран Заев е на средба со Али Ахмети во седиштето на ДУИ во Мала Речица, каде се финализираат преговорите околу можното коалицирање и формирање влада.