611
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук објави шестминутно видео во кое се монтирани снимки од успесите на министерството под негово водство.
„Видео презентација за Монографијата „МВР за граѓаните 2017-2021″ – сведоштво на еден историски моментум“, напиша Спасовски.
Во видеото може да се видат исечоци од секојдневната работа на припадниците на полицијата, заедно со успесите кои ги постигнало МВР додека со него раководи Спасовски, како реновираните објекти и опремените полицајци.