Во однос на изминатата вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, за што им благодарам на сите граѓани кои што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и што придонесоа сите заедно да направиме новогодишната ноќ да ни помине мирно и безбедно така како што сите посакувавме, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Во оваа прилика оддавам признание за посветеноста и професионалноста на македонските полициски службеници, за одржување на безбедноста и мирот дури и за време на најлудата ноќ, дочекот на Новата година. Воедно, голема благодарност до медиумите за точно и навремено известување – продолжуваме со партнерската соработка и во 2023 – рече Спасовски.