Ннема прочка за никого, Македонија мора да стане правна држава и мора да има правда за сите, изјави Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2.
-И денеска и деновиве низ Македонија секој граѓанин упатува порака дека правдата во Република Македонија мора да се врати. Планот за живот во Македонија предвидува независно судство и затоа најавувам генерален реизбор на сите судии кои соучествуваат во криминалот во Македонија. Упатувам јавна порака до сите, од Груевски, Мијалков, Тодоров и до секој еден кој се огрешил пред законот, што направил штета врз македонските граѓани, што зел дел од нивните животи, дека ќе се соочат со правда, дека ќе одговараат за тоа што го направиле и дека ќе ги вратат сите пари назад кај граѓаните, рече Спасовски.